Aвстрискиот интернационалец, Срѓан Спиридоновиќ призна дека во Саудиска Арабија се преселил да заработи повеќе, но не го разбира потегот на Кристијано Роналдо.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во летото кое е зад нас голем број на фудбалери ја заменија Европа со Арапскиот полуостров. Дел од фудбалерите беа искрени и си признаа дела главната причина за преселбата во оваа земја се финансиите, додека други зборуваа за проекти и нови предизвици.
„Ако сакате да ја замените вашата кариера за повеќе пари, Саудиска Арабија е вистинското место. Но, не го разбирам Кристијано Роналдо. Во животот заработи премногу пари и сега дојде тука по уште, на негово место сигурно би живеел некаде на друга локација во светот“, изјави Спиридоовиќ.
Инаку, Спиридоновиќ игра во втората лига во редовите на Хаџер и има плата од околу 500.000 долари по сезона.