Дома Фудбал Останато „Јас го научив Роналдо како да шутира, но ако го прашате денес сигурно ќе ви каже дека лажам“

„Јас го научив Роналдо како да шутира, но ако го прашате денес сигурно ќе ви каже дека лажам“

Сите повозрасни љубители на фудбалот сигурно се сеќаваат на бразилскиот напаѓач, Марио Жардел кон крајот на деведесетите и почетокот на новото столетие доминираше пред голот во Португалија, но и во Европа.

После фантастичните натпревари во Васко Де Гама и Гремио, Жардел во 1996 година потпиша за Порто каде што три пати ја освојуваше титулата за најдобар стрелец во Европа и на 170 натпревари постигна 168 голови.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Потоа во 2001 година направи изненадувачки трансфер во Спортинг. И таму продолжи да игра одлично и на 62 натпревари постигна 67 голови.

Жардел таму играше и со Кристиано Роналдо кој тогаш беше на почетокот на својата кариера, а Бразилецот му бил еден вид на ментор.

Жардел самиот тврди дека Роналдо научил многу од него.

„Без дилеми научи многу работи од мене. Игравме две години заедно во Спортигн кога се вратив од Галатасарај. Го научив како да ја шутира топката, но ако го прашате денес дали тоа е вистина сигурно ќе каже дека лажам“, изјави Жардел.

Роналдо тогаш имал и љубовна афера со сестрата на Жардел.

„Спортинг не освојуваше титули од кога ја и Роналдо си заминавме. Многу новинари ме повикаа за да зборувам за Кристиано бидејќи имаше љубовна афера со мојата сестра. Го сакав за зет, но за жал тоа не се случи. Сепак, се уште сме добри пријатели“, заврши Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…