Јаник Синер попладнево ги шокираше своите фанови и италијанската спортска јавност, откако го откажа настапот на Олимписките игри во Париз.
Синер има воспалување на крајниците и поради тоа не отпатува со останатите спортисти во Париз, но не се очекуваше да го откаже настапот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Со жалење ве информирам дека за жал нема да можам да учествувам на Олимписките игри во Париз. По добрата недела тренинзи на земјена подлога, почнав да се чувствувам лошо. Едвај чекав да ја имам честа да ја претставувам мојата земја на овој многу важен настан. Среќно на сите италијански спортисти за кои ќе навивам од дома. Напред Италија“, напиша Синер на социјалните мрежи.
Тоа значи дека нов прв носител на Олимписките игри кои се играат на терените на Ролан Гарос ќе биде Новак Ѓоковиќ.