Оле Гунар Солскјер буквално го препороди Манчестер Јунајтед кој под водство на Нровежанецот гази се пред себе.
Ако ситуацијата беше како онаа кога Мурињо го водеше клубот пред двомечот со ПСЖ ќе кажевме дека „светците“ се апсолутни фаворити, меѓутоа ситуацијата сега е поинаква и Јунајтед според она што го прикажа има право да се надева на поволен резултат.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Освен добрите резултат со Солскјер пристигнаа и потписите со играчите на кои им истекуваше договорот, а такви ги имаше повеќе.
Денес последен во низата кој го продолжи договорот е Ешли Јанг.
Јанг во Јунајтед пристигна во 2011 година и соработката со „црвените ѓаволи“ ја продолжи на уште една сезона.
После потписот на договорт Јанг откри што почуствувал кога Солскјер се вратил во клубот.
„Кога Оле пристигна, одеднаш добив чуство како да се врати Сер Алекс. Тоа чуство веројатно го добив затоа што се врати заедно со Мајк Филан кој му беше асистент на Ферги, а тука е и Керик. Оле добро знае што значи овој клуб, опседнат е да победува и ги учи играчите како да уживаат на теренот. Тоа го правеше и Сер Алекс“, изјави Јанг.