Кошаркарот на Реал Мадрид, Жерсон Јабуселе за првпат се огласи по вчерашниот хаос во натпреварот помеѓу „кралевите“ и Партизан во кој со боречки зафат го собори Данте Егзум.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Јабуселе беше еден од главните актери во тепачката која доведе до прекин на натпрварот. Преку социјалните мрежи тој сега испрати извинување.
„Длабоко жалам за своето однесување. Кошарката треба да биде место каде што се слави спортот и пријателството. Најискрено се извинувам на Партизан, клуб со кој секогаш сме имале одличен однос. Се извинувам и до Данте Егзум и неговото семејство, како и на моите соиграчи, пријателите и навивачите“, порача Јабуселе.
До крајот на денот Евролигата треба да донесе одлука за евентуалните казни и суспензии од оваа средба.