Саудиска Арабија очигледно ќе формира една од најсилните лиги во светот ако се суди според имињата. Планот што го имаа порано полека се остварува.
Се започна со заминувањето на Кристијано Роналдо во Ал Наср, а Карим Бензема кариерата ќе ја продолжи во Ал-Итихад.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Но, засилувањата со фудбалски ѕвезди во Саудиска Арабија не завршуваат тука.
Во оваа азиска земја и тамошното првенство би можел да замине и искусниот напаѓач Пјер-Емерик Обамејанг (33).
Репрезентативецот на Габон има договор со Челзи до јуни 2024 година, но прашање е дали ќе остане во редовите на сините.
Неговата кариера е при крај и Габонецот сигурно би сакал уште малку да го зголеми својот акаунт, а Саудиска Арабија е идеална дестинација.
Ал Шабаб наводно е заинтересиран за Обамејанг и наскоро треба да испрати официјална понуда до лондонскиот клуб.
Понудата ќе биде поголема од моменталната вредност на Обамејанг која изнесува седум милиони евра.
Во Саудиска Арабија не штедат пари, во нивниот шампионат пристигнуваат се повеќе ѕвезди, па следната сезона секако ќе биде многу интересна.
Наскоро и Лионел Меси би можел да ги засили редовите на Ал Хилал, па следната сезона да очекуваме спектакл во Саудиска Арабија.
Да потсетиме, минатата сезона А-Итихад ја освои титулата оставајќи ги Роналдо и Ал Наср без славје.