Дома Фудбал Англија Ѕвездата на Челзи: Се откажав од фудбал и прифатив да работам во продавница, а потоа…

Ѕвездата на Челзи: Се откажав од фудбал и прифатив да работам во продавница, а потоа…

Едуард Менди минатото лето пристигна во Челзи, го истисна најскапиот голман на светот и стана миленик на фановите.

Менди пред финалето од Лигата на шампиони ја откри својата животна приказна и истакна дека пред неколку години бил спремен да се откаже од фудбалската кариера.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Мајка ми ме советуваше да се пријавам за социјална помош во 2014 година. Понекогаш размислувам за тој момент и не му го посакувам никому. Во тој период често си велев дека за мене фудбалскиот сон е завршен. Тоа беше крај на летниот преоден рок и бев отпуштен од Чербург. Постојано го барав мојот агент, но тој воопшто не ми креваше за во последниот ден од преодниот рок да ми каже дека не можел да ми најде клуб и да почнам да барам друга работа“.

„Имав пријател кој ми понуди да работам во неговата продавница за спортска опрема, беше убеден дека сум добар за таа работа. Осум дена откако пријателот ми ја понуди работата добив повик од Марсеј кој ми понуди да одам таму и да бидам еден од резервните голмани. Тогаш животот почна да ми се менува“, открива Менди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ВИДЕО Навивачите истрчаа на теренот и започнаа лудо славје. Потоа останаа шокирани со гол во 95-та

Голема борба за влез во првата лига се води во Холандија. Враќање во елитното друштво обез…