Белгискиот дефанзивец на Тотенхем, Јан Вертонхен верува дека „спарси“ ќе го продолжат неговиот договор кој истекува на крајот на сезоната.
Договорот на Вертонген со Тотенхем истекува на крајот на сезоната, но тој автоматски може да биде продолжен на уште една година по желба на клубот, открива самиот играч.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Мојот договор истекува на крајот на сезоната, но Тотенхем има опција да го продолжи на уште една година и мислам дека ќе го стори тоа“, изјави Вертонген.
31-годишниот Белгиец откако пристигна од Ајакс се етаблираше како еден од клучните фудбалери во тимот на Покетино и до сега запиша повеќе од 250 настапи за Тотенхем.
Jan Vertonghen: “My contract is expiring at the end of the season, but Tottenham have an option to extend it with one year. I think they will take up the option. We’ll see what happens.” #thfc #coys pic.twitter.com/5ko7BXJKdm
— Kristof Terreur ? (@HLNinEngeland) September 5, 2018