Сон Хеунг Мин се наоѓа на само еден натпревар од избегнување служење воен рок.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Законот во Јужна Кореја е јасен – сите мораат да служат воен рок, а единствен начин еден спортис да биде ослободен од таквата обврска е да освои златен медал на едно важно натпреварување за својата земја.
Фудбалерот на Тотенхем има голема шанса да успее во такво нешто бидејќи денес Јужна Кореја го совлада Виетнам во полуфиналето на Азиските игри со 3:1.
Финалето се игра на 1-ви септември и тоа ќе биде против Јапонија или ОАЕ, а доколку Кореа не победи Сон ќе мора да служи две години воен рок.
Дали навистина ќе мора да оди во војска доколку не победи во финалето?
Ние искрено не веруваме…