Килијан Мбапе по завршувањето на сезоната, ќе го напушти ПСЖ и ќе се пресели во Реал Мадрид како слободен агент, а тоа може да значи заминување на Родриго.
Поради големата конкуренција во нападот Реал ќе мора да се ослободи барем од еден напаѓач и веќе е донесена одлука кој ќе биде тоа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Перез ќе го „жртвува“ Родриго кој може да замине за сума од 100 до 120 милиони евра.
Шпанскиот медиум „Спорт“ објави дека Арсенал, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Ливерпул се заинтересирани за Родриго и планираат да испратат понуди до Мадрид.
Споменатите клубови се спремни да понудат 100 милиони евра, а Бразилецот иако преферира да остане во Мадрид, сепак нема ништо против да се пресели во Премиер лигата.