Англиските медиуми пренесуваат дека Жозе Мурињо сака во зимскиот преоден рок на „Олд Трафорд“ да го донесе играчот за врска на Реал Мадрид.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Станува збор за Матео Ковачиќ кој не е задоволен до својот статус во Мадрид и минутажата која ја добива оваа сезона.
Медиумите на Островот тврдат дека Манчестер Јунајтед го контактирал неговиот агент и Ковачиќ дал „зелено светло“ за трансферот.
„Црвените ѓаволи“ во наредните денови ќе испратат официјална понуда, а Мурињо верува дека Хрватот одлично ќе се вклопи заедно со Матиќ и Погба.
Останува да видиме дали Реал ќе се согласи да го пушти Ковачиќ на средина од сезоната, бидејќи Зидан изјави дека не сака никој да замине во јануари.