Десниот бек на Наполи и албански репрезентативец, Елсеид Хисај потврди дека ова лето ќе го напушти клубот во потрага по ниви предизвици и трофеи.
Хисај под водство на Сари беше еден од најдобрите бекови во лигата, но со доаѓањето на Анчелоти падна во втор план, па поради тоа сака да го напушти Наполи.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Спремен сум за нов предизвик бидејќи ми е потребна промена. Не сум тип на играч кој сака да остане во еден клуб долги години. Сакам да стекнам нови искуства, да се запознаам со нови култури, да запознаат нови луѓе и да освојувам трофеи“, истакна Хисај.
„Моето време во Наполи е завршено, се надевам дека ќе најдам нов клуб кој ќе ми го понуди она што ми треба“, додаде десниот бек.
Хисај во 2015 година пристигна во Наполи и до сега одигра 170 натпревари, а интерес за неговиот потпис покажуваат Интер, Јувентус и Атлетико Мадрид.
#Hysaj says goodbye to Napoli, ‘I need a change, I’m ready for a new adventure' https://t.co/aQJMvY61WM pic.twitter.com/MtylvwywBN
— CalcioMercato (En) (@CmdotCom_En) May 31, 2019