Дома Трансфер зона Ѕвездата на Наполи е главна трансфер цел на Гвардиола

Ѕвездата на Наполи е главна трансфер цел на Гвардиола

Манчестер Сити минатото лето го ангажираше само Ријад Марез, но Гвардиола инсистираше да му биде донесен и еден играч за врска.

„Граѓаните“ се во потрага по засилување за средниот ред, фудбалер кој ќе биде алтернатива за Фернандињо, а Гвардиола го пронајде во Италија.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека Сити покажува сериозен интерес за играчот на Наполи и бразилски репрезентативец Алан.

Алан е во Наполи од 2015 година и е незаменлив во тимот како кај Сари така и кај Анчелоти, па го привлече вниманието на голем број европски гиганти.

Гвардиола смета дека би бил идеално засилување за неговиот тим и сака да го донесе на „Етихад“ уште во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Тијаго Силва го напушта Челзи, веќе го избрал и новиот клуб

Бразилскиот дефанзивец, Тијаго Силва според последните информации ја игра последната сезон…