Ѕвездата на Вест Хем, Мичел Антонио нема по добро да го памети овој Божиќ затоа што излета со своето Ламбурџини вредно 250.000 евра.
Крилниот фудбалер тргна во клупскиот хотел пред натпреварот на Вест Хем на „Боксинг деј“ против Кристал Палас, но во таа прилика изгуби контрола над неговиот скапоцен автомобил, удри во собраќајниот знак, излета од улицата и влезе во дворот на една куќа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Случајните минувачи беа изненадени кога од автомобилот излезе ѕвездата на Вест Хем и тоа облечен како дедо мраз.
После инцидентот во јавноста зборуваше сопственичката на куќата во чиј двор заврши фудбалерот.
„Викаше на некој на мобилен. Се лутеше на тоа што му го зборуваше некој од другата страна, му викаше дека е глупав. Не изгледаше добро, се плашев дека можеби е повеќе повреден, но сепак се е во ред“, изјави сопственичката на куќата.
West ham fussball star Michail Antonio Autounfall im Schneemann kostüm #soccer #Fussball #FIFA20 #WestHam #PremierLeague #Bundesliga #mls https://t.co/sLYbNR8qB7
— Trash Seven (@TrashSeven1) December 27, 2019