Дома Фудбал Останато Ѕвездата на Барселона одби да се фотографира со навивачи пред стадионот: Досадни сте…

Ѕвездата на Барселона одби да се фотографира со навивачи пред стадионот: Досадни сте…

Фудбалерот на Манчестер Сити кој игра како позајмен во Барселона, Жоао Кансело се најде во центарот на мини-скандал откако не сакал да се фотографира со фанови пред стадионот.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Кансело е снимен како им зборува дека се досадни, но сепак некако успеаа да се фотографираат со него. Кансело поради тоа доби сериозни критики, но на Инстаграм ја објасни неговата страна на приказната.

„Поради глупостите кои ги пишувате во коментари, мораме да ви кажам некои работи. Пред се, ова не се навивачи, тоа се 20-годишни деца кои секој ден се пред вратите на тренинг-центарот или во паркот кога сум со ќерката или кога вечервам со девојката. Тие бараат автограм и ги продаваат потоа, тоа се повторува од ден во ден, тоа се луѓе кои не го почитуваат просторот на другите, не се вистински навивачи“, објасни Кансело.

Поради „ловците на автограми“ неодамна бесен беше и Јирген Клоп, а поради нив непријатна ситуација доживеа и Мејсон Маунт од Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арбелоа: Јас сум виновен за тепачката меѓу Чуамени и Валверде

Алваро Арбелоа изјави дека ја презема одговорноста за инцидентот меѓу соиграчите Федерико …