Дома Фудбал Англија Ѕвездата на Арсенал се уште не избрал репрезентација: Бразил или Италија?

Ѕвездата на Арсенал се уште не избрал репрезентација: Бразил или Италија?

Младиот напаѓач на Арсенал, Габриел Мартинели оваа сезона ги воодушеви сите со своите настапи за „топџиите“ и веднаш покажа дека станува збор за еден од најголемите светски таленти.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овој 18-годишен талент важи за голема надеж на бразилскиот фудбал, но се уште не добил повик од бразилската репрезентација.

Мартинели признава дека тоа е негов сон, но не ја исклучува можноста да заигра за Италија.

„Бразилец сум и нормално дека мојот сон е да играм за Бразил, но не сум добил никаков повик од Бразил. Имам италијански пасош и можам да играм за „аѕурите“. Се уште не сум одлучил“, изјави Мартинели.

Талентираниот напаѓач минатото лесто пристигна во Арсенал и засега шанса во главно добива од клупата, но веќе запиша 19 настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Атлетико Мадрид ќе има најмногу играчи на трето последователно финале на Светското

Ако некој сака да стигне до финалето на Светското првенство, треба да потпише договор со А…