Дома Фудбал Италија Ѕвездата е родена: 16-годишниот Пелегри ги сруши сите рекорди во Серија А

Ѕвездата е родена: 16-годишниот Пелегри ги сруши сите рекорди во Серија А

Младиот напаѓач на Џенова, Пјерто Пелегри има само 16 години и минатата сезона стана најмладиот стрелец во историјата на Серија А, а оваа сезона продолжува да постигнува голови и да руши рекорди.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Синоќа Пелегри постигна два гола против Лацио, и така стана првиот фудбалер роден во 21.век кој постигнал два гол на еден натпревар во Сериај А.

Неговиот подвиг од клупата го следеше и неговиот татко, кој е тим менаџер во Џенова, па не можеше да ги скрие емоциите и камерите го уловија како ги брише солзите од своето лице.

Пелегри е вистински „бисер“ на италијанскиот фудбал и за него буквално се „тепаат“ најголемите италијански клубови. Милан, Интер и Јувентус веќе имаа обиди да го ангажираат, па останува да видиме кој ќе ја добие битката за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мурињо за првпат открива зошто трансферот на Родри во Реал пропадна

ЖОЗЕ МУРИЊО за првпат подетално ја објасни неуспешната намера на Реал Мадрид да го доведе …