Дома Останати Тенис Ѓоковиќ го „запали“ Инстаграм – подготвува лудо шоу со Кристијано Роналдо?! (Фото)

Ѓоковиќ го „запали“ Инстаграм – подготвува лудо шоу со Кристијано Роналдо?! (Фото)

Новак Ѓоковиќ се огласи на социјалната мрежа Инстаграм и привлече огромно внимание објавувајќи фотографија од Кристијано Роналдо, со порака: „Нешто интересно се подготвува“.

Овој маркетинг потег може да биде поврзан со новиот подкаст на Роналдо, во кој славниот фудбалер вложува голема енергија, како и во својот Јутјуб профил. Името на Новак е во списoкот на низа славни имиња кои Роналдо ги означи во споменатата објава која Ѓоковиќ ја сподели.

Во неа Португалецот ја означи и ѕвездата на Реал Мадрид Килијан Мбапе, легендата на италијанскиот фудбал Џорџ Кјелини, славниот голман на Фиорентина Давид Де Хеа, култните дефанзивци Рио Фердинанд и Пепе…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ново изненадување од Ѓоковиќ на УС Опен: Ако почнам да зборувам, нема добро да заврши

НОВАК Ѓоковиќ, откако доживеа пораз од Маријан Навоне на почетокот на УС Опен, им се обрат…