Македонскиот стратег Ѓорѓи Кочов на уште една година го продолжи договорот со бундеслигашот Кемниц.
Поранешниот стратег на МЗТ Скопје и Вардар работи како прв помошник на Родриго Пасторе и новиот договор е најдобар доказ за довербата која ја има клубот во него. Кочов во Кемниц е од 2021 година, а минатата година тимот играше полуфинале во Купот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Летово за 39-годишниот Кочов беа заинтересирани клубови од Македониај и Европа, но сепак тој се одлучи да продолжи да работи во една од најсилните лиги на стариот континент.