После денешното реми против Борец Ѓорѓе Стојчев одлучи да ја напушти клупата на Академија Пандев.
Покрај натпреварот против Борец, Академија Пандев и во минатото коло не победи во натпревар во кој беше фаворит, тогаш подобар од „пандевци“ беше Скопје со 2:1. Оставката Стојчев ја потврди на социјалните мрежи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Благодарност до Горан Пандев, Фк Академија Пандев. Со срце и душа работев од создавањето на клубот па се до денес. После двата последни резултати одговорноста ја превземам јас како тренер. Посакувам на клубот, играчите во иднина исполнување на зацртаната цел и се надевам ФК Академија Пандев ќе игра во Европските натпреварувања“, објави Стојчев.