Дома Тенис Ѓорческа со одлична игра до полуфинале во Инстанбул

Ѓорческа со одлична игра до полуфинале во Инстанбул

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа ќе игра во полуфиналети на ИТФ фјучерсот во Инстанбул, денес најдобрата македонска тенисерка славеше победа против Дарија Кружкова со 2:0 во сетови.

Ѓорческа прикажа одлична игра и за еден час и 10 минути игра ја совлада Русинката.

На стартот Кружкова покажа подобра игра и стигна до брејк, но потоа Ѓорческа го наметна својот ритам и го доби сетот со 6:3.

Во вториот сет нашата тенисерка уште на стартот стигна до брејк и водство о 2:0, потоа рутински го приведе мечот кој крај и славеше со 6:2.

Во полуфиналето Ѓорческа ќе игра против Романката, Ралука Шербан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Од 1:2 до победа: Наковски го запре и победничкиот поход на Газели

Наковски волеј со пресврт во Скопје славеше со 3:2 над Газели и остана единствен без пораз…