Дома Македонски спорт Ѓорческа по голема борба поразена на стартот од квалификациите за Вимблдон

Ѓорческа по голема борба поразена на стартот од квалификациите за Вимблдон

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја мине првата пречка на квалификациите на Вимбдон. Таа денеска загуби од Американката Саша Викери, која ги освои двата тај брејка во мечот што траеше 104 минути, 2-0 во сетови (76(1) 76(5)). Со овој пораз Ѓорческа го заврши настапот на третиот Грен слем турнир годинава.

Причина за поразот според статистиката се големиот број неизнудени грешки 50 за Ѓорческа, а Викери имаше 16, како и двојните сервис грешки 10 за Лина, а две за американската тенисерка. Инаку, нашата тенисерка имаше додобар биланс на победнички поени 28:21, а скорот на поени беше 90:82 за Викери. Двете тенисерки имаа по три брејка и тоа во првиот сет.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Во мечот поведе Ѓорческа со брејк, но ривалката веднаш направи ри-брејк за 1:1. Американката имаше водство од 4:2 и 5:3 во првиот сет, но Ѓорческа не дозволи предност во финишот на сетот откако по десетиот гем беше 5:5. Во овој сет од шестиот до деветтиот гем двете тенисерки имаа по два брејка. Во 13-тиот гем Викери поведе со 4:0 на поени што беше убава предност за водство од 1:0 во сетови.

За разлика од првиот сет, во вториот немаше брејк, иако единствените две брејк топки ги имаше македонската тенисерка во вториот гем и не ги искористи. По 6:6 во гемови следуваше нов тај брејк. Викери направи убава предност со водство од 6:1 на поени, а Ѓорческа спаси четири меч топки и тај брејкот заврши со 7:5 на поени за Американката.

По настапот на Вимблдон, Ѓорческа е пријавена за настап следната недела на ИТФ фјучрс турнир во Рим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…