Дома Македонски спорт Ѓорческа по голема борба од три часа се пласираше во следното колона турнирот во Србија

Ѓорческа по голема борба од три часа се пласираше во следното колона турнирот во Србија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа по голема борба во меч од втората рунда кој траеше без малку три часа (2 часа и 53 минути) ја совлада Унгарката Река-Луца Јани (32,288 ВТА) со 2-1 во сетови (67(5), 64 76(3)) и се пласира во третото коло на фјучрсот во Куршумлијска бања, Србија што се игра за награден фонд од 40.000 долари.

Во текот на целиот меч се водеше голема борба за секој поен, па така на крајот по 253 поени скоорот беше 128:125 за Ѓорческа. Но, првиот сет и припадна на Унгарката, која и прва направи брејк за водство од 3:1 во сетот. Во продолжение тенисерките имаа проблем да освојат гем на свој сервис, а македонската тенисерка тоа го направи во 10.гем кога изедначи на 5:5. Сепак сетот беше решен во тај брекот. и по водствот на Ѓорческа од 5:3 на поени, противничката со серија од четири поени дојде до 7:5 и водство од 1:0 во сетови.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во вториот сет македонската тенисерка прва направи брејк за водство од 2:0, но брзо стигна изедначување на 2:2, а унгарската тенисерка со брејк поведе и со 4:3. Сепак до крајот на сетот трите гема ги доби Ѓорческа за 6:4 во гемови и 1:1 во сетови.

Во решавачкиот сет тенисерките се менуваа во водство. Ѓорческа водеше со 2:1 и 4:3, а ривалката поведе со 5:4 и во 10.тиот гем беше на сервис и притоа македонската тенисерка спаси четири меч топки и по 14 одиграни поени во гемот изедначи на 5:5, а брзо и поведе 6:5. Во следниот гем на сервис на Јани, македонската тенисерка ја имаше првата меч топка, но не ја искористи. Сепак во тај брекот беше убедлива и со 7:3 на поени по водството од 4:1 и 5:2 го заврши сетот и со тоа и мечот.

Ова беше петти меч на двете тенисерки и втора победа на Ѓорческа (прва на земја) што значи дека противничката сеуште има подобар скор (3:2). Лина Ѓорческа мечот го заврши со реализација на брејк топките над 50% (9/16), додека ривалката имаше (8/18). Лина имаше 4 ас сервиси (3 во последниот сет), но и 16 двојни грешки (8 во последниот сет).

Во следното коло македонската тенисерка ќе игра против домашната тенисерка Миа Ристиќ (17 год., 332 место ВТА), која денеска ја победи 11.носителка Гергина Топалова од Бугарија со 2-0 во сетови (63 63).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Миовски пресреќен: Наградите се доказ дека се правам од срце

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски зад себе има одлична сезона во дресот на Абердин, клубо…