Дома Тенис „Ѓоковиќ ќе се вакцинира“

„Ѓоковиќ ќе се вакцинира“

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ се наоѓа на раскрсница, бидејќи се повеќе турнири условуваат со вакцинација.

Ѓоковиќ го пропушти Австралија Опен поради вакцина, а човекот кој ја пишуваше неговата автобиографија, Даниел Микш открива дека Србинот ќе се вакцинира.

„Од луѓе од неговото најблиско опкружување слушнав дека ќе се вакцинира“, изјави Макш.

„Мислам дека на неговата одлука многу придонесе финалето во Мелбурн. Нема сомнеж дека го боли 21-та титула на Надал“, додаде човекот кој е близок пријател на Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ и понатаму не се изјаснува околу вакцинацијата, а доколку не се вакцинира нема да може да настапува и на „Ролан Гарос“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Никовски и Поп Арсова Рашиќ ја предводеа жетвата на титули на Олимп во крос-кантри

Битолски Олимп го заврши националниот шампионат во Скопје со шест златни и еден сребрен ме…