Младиот Австриец, Доминик Тим денес го елиминираше бранутелот на титулата на Ролан Гарос, Новак Ѓоковиќ и тоа убедливо со 3:0 во сетови (7-6, 6-3, 6-0).
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Српскиот ас беше конкурентен само во првиот сет кој го загуби во тај-брејкот, но во останатите два, Австриецот доминираше и лесно ги совлада Ѓоковиќ.
Во полуфиналето Тим ќе игра против Рафаел Надал, кој денес обезбеди полуфинале, откако Буста го предаде мечот во вториот сет.
Ѓоковиќ не успеа да ја одбрани титулата од минатата година и најверојатно во понеделник ќе биде на местото број 3-то на АТП листата.