Дома Останати Тенис Ѓоковиќ откри што му значи новиот симбол на градите и праксата после натпреварите (ФОТО)

Ѓоковиќ откри што му значи новиот симбол на градите и праксата после натпреварите (ФОТО)

Новак Ѓоковиќ ја објасни новата пракса после завршувањето на натпреварите, како и што претставува новиот симбол кој го носи на градите.

Ѓоковиќ игра фантастичен тенис на Австралија Опен, а последен тоа на свој кожа го почуствува Лука Пуј кој беше демолиран во полуфианлето со 6:0, 6:2 и 6:2.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот тенисер после натпреварот ја допре подлогата и потоа испрати поздрав кон небото, па потоа следуваше стандардниот поздрав на сите четири страни на трибините на Лајвер Арената.

Оваа пракса Новак ја воведе оваа година, а за српски „Телеграф“ откри зошто ја практикува.

„Кога во прашање е мојата љубовна и романтична врска со теренот, некако се трудам да го покажам тоа секогаш кога излегувам на теренот, без разлика дали е тренинг или меч. Можеби звучи како клише, но сметам дека тоа е важно за мене. Благодарноста за животот е важна за мене. Благодарност на Бог што денес можам повторно да се занимавам со овој спорт и да бидам на највисоко ниво“.

Исто така на неговите гради покрај крстот беше забележан и нов симбол чие значење не беше познато.

„Вториот симбол е симбол на енергија и заштита. Нема да ви кажам ништо повеќе“, им порача Новак на новинарите од „Телеграф“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Скандал: На атрактивната руска тенисерка во Мадрид и украле 10.000 евра 🎥

Руската тенисерка Марија Тимофеева пријавила во полиција дека била ограбена во Мадрид. Ова…