Дома Останати Ѓоковиќ за депортацијата од Австралија: Тоа не се случи затоа што не бев вакциниран!

Ѓоковиќ за депортацијата од Австралија: Тоа не се случи затоа што не бев вакциниран!

Новак Ѓоковиќ даде ексклузивно интервју за „Би-Би-Си“ во кое зборуваше за ситуацијата со вакцинирањето и за сагата со депортацијата од Австралија.

Новак напомена дека не е антиваксер и дека нема ништо против вакцините, но дека ја поддржува слободата што треба да ја има секој поединец.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Ѓоковиќ зборуваше детално и за депортацијата од Австралија и истакна дека тоа не се случило поради фактот што не е вакциниран.

„Бев многу разочаран од се што ми се случи во Австралија. Не беше лесно. На пример, грешката на документот за добивање виза апсолутно не е намерно направена. Впрочем, таа грешка беше прифатена и потврдена од Федералниот суд, дури и од самиот министер за имиграција. Значи, она што луѓето веројатно не го знаат – не бев депортиран од Австралија затоа што не бев вакциниран, или затоа што прекршив некои правила или затоа што имав грешка во моето барање за виза“.

„Сето тоа, всушност, беше одобрено, а потоа потврдено од Федералниот суд и министерот за имиграција. Причината поради која бев депортиран од Австралија беше тоа што министерот за имиграција Алекс Хок ја искористи својата дискреција да ми ја укине визата врз основа на ставот дека можам да создадам некое антиваксерско чувство во земјата или градот, а јас воопшто не се согласувам со тоа“, објасни Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ во февруари ќе ја нападне титулата во Доха

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра во февруари следната година на турнирот во…