Дома Останати Ѓоковиќ експресно во четвртфинале во Париз

Ѓоковиќ експресно во четвртфинале во Париз

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Париз откако неговиот противник Џумхур го предаде мечот во вториот сет.

Босанскиот тенисер по 55 минути игра го предаде мечот при резултат 6:1 во првиот сет за Ѓоковиќ и 2:1 во вториот сет.

Следен противник на Ѓоковиќ ќе му биде хрватскиот тенисер Марин Чилиќ, кој во првиот денешен меч го совлада Григор Димитров од Бугарија со 7:6 (7:5) и 6:4 во сетови.

Потсетуваме, Ѓоковиќ и официјално се врати на првото место на АТП листата, а тоа го прослави со интересна фотографија и порака (ОВДЕ).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

(Видео) Сабаленка го гледаше Милан на „Сан Сиро“, а го покажа и накитот вреден 100.000 евра

Арина Сабаленка после поразот во финалето на US Open пристигна на Сан Сиро. Белоруската те…