Дома Останати Тенис Ѓоковиќ го покажа подрумот во кој се криел за време на бомбардирањето (ВИДЕО)

Ѓоковиќ го покажа подрумот во кој се криел за време на бомбардирањето (ВИДЕО)

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ даде интервју за американскиот новинар Грахам Бесинцер во кое за прв пат го покажа подрумот во кој се криел за време на бомбардирањето на НАТО.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Споменатиот новинар како што напиша на Твитер пред пандемијата со коронавирусот два дена престојувал во Белград. Во таа прилика имал интересен разговор со Ѓоковиќ.

„Тука ја поминувавме секоја вечер во текот на двете недели бомбардирање. Лудо е да се замисли колку луѓе мораа да дојдат тука за да се сокријат од опасност од воздух. Остана исто како пред 20 години. Цела зграда се криеше тука, а имаше повеќе од 50 станови. Нема многу место, се затвараше само оваа врата некоја детонација или експлозија да не направи штета“.

„Не сум бил тука седум-осум години, не се сеќавам на многу работи, бев мал. Бев исплашен и не се чувствував сигурно се плашев за следниот момент, не знаев што ќе биде со моето семејство. Се сеќавам дека во првите неколку дена беше најстрашно, имаше многу солзи и патење“… раскажа помеѓу другото Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

„Ѓоковиќ ако не може да издржи, нека остане дома“

Поранешниот селектор на Дејвис куп тимот на Франција Жан-Пол Лот зборуваше за првата недел…