Медиумите во Црна Гора пренесуваат дека Новак Ѓоковиќ има намера во Будва да гради голем спортски центар.
Според она што се најавува би станувало збор за спортски комплекс кој би имал хотели, разни придружни елементи и терен за голф. Проектот би се реализирал и со помош на Инвестицискот фонд од ОАЕ, се проценува дека вредноста би била околу 300 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Наводно Ѓоковиќ веќе го посетил местото каде што треба да се гради овој комплекс. Објавени се и детали за теренот за голф кој би бил со 18 дупки и ако информациите се точни тоа ќе биде единствениот со таква големина во овој дел на Европа.
Засега временски не се најавува кога се може да биде завршено.