Дома Останати Тенис Ѓоковиќ без ниту еден одигран меч во 2022 ја започна 360. недела на врвот на АТП листата

Ѓоковиќ без ниту еден одигран меч во 2022 ја започна 360. недела на врвот на АТП листата

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ ја почна неговата 360. недела на врвот на АТП-листата, и покрај тоа што сè уште не одигра ниту еден меч во 2022 година.

Ѓоковиќ се ближи до рекордот по број на недели поминати на врвот, па така само Штефи Граф е пред него со 377 недели на првото место.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Србинот во моментов има 10.875 бодови, додека второпласираниот Русин Данил Медведев има 9.635 бодови.

Српскиот тенисер и следниот понеделник ќе биде прв во светот, но бодовите ќе му се намалат затоа што ќе остане без 2.000 бодови од минатата година, но ќе загуби и Русинот, па разликата меѓу нив двајца ќе биде само 440 бода.

Новак брани 500 бодови од Дубаи од пред две години, а Медведев не брани бодови, па така Србинот би можел да остане без првото место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ нема конкуренција – овие бројки ја покажуваат доминацијата на Србинот!

Новак Ѓоковиќ во последниве години доминира со светскиот тенис. Србинот од 2020 година па …