Не беше идеално, но Новак ја заврши работата во три сета.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во второто коло на Ролан Гарос откако денес со 3:0, по сетови 6:3, 6:4 и 6:4 го совлада Рожерио Дутра да Силва.
Meчот се играше 125 минути, Ѓоковиќ шест пати доби гејм на сервис на противникот и на крајот запиша победа, втор пат во исто толку меѓусебни дуели.
Ѓоковиќ во наредната рунда во среда ќе игра против подобриот во мечот Давид Ферер и Хаум Мунар.
Новак не го започна мечот баш најдобро, бидејќи веќе во првио гејм го изгуби својот сервис. Меѓутоа ситуацијата набрзо се промени, Ѓоковиќ го врати својот сервис и стигна до целосно пресврт, а со добрата игра во продолжение стигна и до победа.