Дома Македонски спорт Мак фудбал Ѓока: Плановите беа други, но казнети бевме за слабата реализација

Ѓока: Плановите беа други, но казнети бевме за слабата реализација

Ова лето Шкендија имаше кошмарна европска авантура, клубот оствари катастрофален биланс од четири пораз ии девет примени голови, без ниту еден даден.

После вчерашниот натпревар тренерот Ернест Ѓока изјави дека Шкендија немала среќа па била сурово казнета.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Немавме среќа, се обидовме да дадеме се од себе, но фудбалот е суров. Верувам дека овој тим има потенцијал, ова е истиот кој играше лани и ја освои титулата, но во сите четири натпревари бевме казнети за слабата реализација. Плановите беа други, но се случи нешто спротивно“, изјави Ѓока.

Нема да биде чудо ако после едно вакво европско лето Шкендија го отпушти Ѓока.

Фото: Шкендија

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Вардар се засили со дефанзивецот Пинтер

Вардар започна со засилувања за пролетниот дел од сезоната. Нов играч на најтрофејниот мак…