Дома Трансфер зона Шчешни ќе ја предаде Рома – Се сели во големиот ривал !

Шчешни ќе ја предаде Рома – Се сели во големиот ривал !

Војчех Шчешни ќе ја напушти екипата на Рома.

Полскиот голман претходните две сезони ги помина на позајмица во римскиот тим од екипата на Арсенал, но Рома ова лето нема да го откупи договорот од „Топчиите“. Шчешни, како што сега стојат работите ќе остане во Италија. За неговите услуги е заинтересиран Наполи, а полскиот голман нема ништо против да потпише за овој тим.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Преостанува само тимот од „Сао Паоло“ да се договори со Арсенал околку цената за голманот, а него на неговата позиција во римскиот тим ќе го замени Бразилецот Алисон. Шчешни во Наполи ќе го пречека и голема конкуренија. Искусниот Пепе Реина, кој и следната сезона ќе го носи дресот на споменатиот тим, па сигурно дека ќе претстои голема борба за тоа кој ќе биде прв голман на Наполи.

Војчех Шчешни како младинец пристигна во Арсенал, а покрај Рома и лондонскиот клуб, бранеше и за англискиот нисколигаш, Брентфорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер се засилува со ѕвездата на Интер бесплатно

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…