Војчех Шчесни вчера беше одличен на голот на Полска против Аргентина и Меси, но сепак неговата селекција загуби со 2:0.
Доминираа Аргентинците од самиот почеток, но само поради Шчесни резултатот по првите 45 минути беше 0:0. Во првото полувреме Шчесни одбрани и пенал. Ситуацијата во најмала рака беше спорна, меѓутоа на крајот по прегледувањето на ВАР снимката судијата донесе одлука да досуди пенал.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Интересен разговор помеѓу Меси и Шчесни имало додека ја чекале одлуката. Голманот на Јувентус бил убеден дека нема да има пенал, па се обложил со Меси во 100 евра.
„Пред пеналот разговаравме и му кажав дека се обложувам во 100 евра дека нема да биде пенал. Така го изгубив облогот и треба да му ги дадам тие 100 евра на Меси. Не знам дали тоа е дозволено на Светско првенство, можеби ќе бидам суспендиран. Но, не ми е гајле. Ама, нема да му плата. Гајле му е на Меси, дајте за 100 евра“, прокоментира Шчесни со што ги изнасмеа присутните.