„Граѓаните“ во 33 коло од Премиер лигата доминантно ја обебзедија титулата што е рекорд во најсилното англиско првенство, а за нивната сурова доминација пристигнува уште еден неверојатен податок.
Манчестер Сити оваа сезона стигна до титулата со соборување на многу рекорди како што се: Бројот на постигнати погодоци, освоените поени (100), бројот на победите…
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Гвардиола беше оспоруван во првата сезона бидејќи не освои ниту еден трофеј, но очигледно направил темели за суровата доминација која следеше.
Неговиот тим беше незапирлив стигнаа до 18 победи во низа што е исто така рекорд, на домашен терен не победија само три пати, доживеаа еден пораз и два натпревари одиграа нерешено.
Сезоната ја завршија со 19 бодови предност пред градскиот ривал Јунајтед кој беше второпласиран, а колку беа неприкосновени оваа сезона говори и следниот податок.
Верувале или не и доколку секој удар на противниците кон нивниот гол во натпреварите одиграни на „Итихад“ завршел во мрежата – Сити повторно би бил шампион на Англија!
Навистина податок за неверување, а останува да видиме дали некој клуб ќе може да ги запре наредната сезона.
#FridayFact If every single shot on target Manchester City had faced at home this season had gone in, they would still have won the Premier League. pic.twitter.com/Y7X7ceb3qt
— Pinnacle (@PinnacleSports) May 18, 2018