Дома Фудбал Англија Што ќе каже Меси? Салах доби нов прекар

Што ќе каже Меси? Салах доби нов прекар

Фудбалерите на Ливерпул синоќа ремизираа на домашен терен против Тотенхем (2:2) во дербито на 26. коло во англиската Премиер лига.

Црвените беа пред уште една победа, но Тотенхем во последната минута со гол од пенал успеа да дојде до бод. Уште една фантастична партија прикажа Мохамед Салах кој беше стрелец на двата гола за Ливерпул.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Посебно импресивен беше вториот гол на Салах кој си поигра со одбраната на противникот, а потоа ја смести топката во мрежата на Лорис. Еѓипќанецот уште еднаш покажа дека се наоѓа во фантастична форма, а со својата игра ги “полуде“ фудбалските фанови ширум светот.

Вториот гол на Салах воодушеви многу, а фудбалерот на Ливерпул доби нов прекар после вчерашниот натпревар. Поради синоќешниот втор погодок веќе, скоро, никој не го нарекува Мохамед Салах, сега тој е Лионел Салах. Навивачите на Ливерпул со ова сакаат да порачаат дека Салах се наоѓа во иста форма како Лео Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп отвори профил на Инстаграм и направи – хаос! 🎥

Jирген Клоп заминува од Ливерпул, утре за германскиот стратег ќе биде последниот натпревар…