Дома Фудбал Лига на шампиони Што ќе биде со натпреварите кои ПСЖ треба да ги одигра во ЛШ?

Што ќе биде со натпреварите кои ПСЖ треба да ги одигра во ЛШ?

Француската Лига 1 нема да биде продолжена откако државниот врв одлучи да ги забрани сите спортски случувања до септември, вклучително и оние кои се планирани без гледачи.

Премиерот Едвард Филипе денеска донесе официјална одлука и со тоа ги згасна сите надежи на фудбалерите, тренерите и навивачите во Франција дека сезоната може да се доигра до крајот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Се уште не е познато на кој начин раководството на Лига 1 и Францускиот фудбалски сојуз ќе одлучат за местата кои водат во европските натпреварувања ниту за тоа дали ПСЖ ќе биде прогласен за првак бидејќи лидерот е со убедлива предност пред Марсеј.

Постојат три опции, не е исклучено да се гледа според моменталниот пласман, како и според пласманот на полусезоната. Но, тоа е прашање за кое ќе одлучат луѓето кои раководат со Лига 1 во францускиот фудбал.

Во меѓувреме, се поставува прашањето што ќе биде со клубовите кои настапуваат во Европа, а не се во можност поради мерките да играат на домашен терен. Пред се тоа се однесува на ПСЖ, кој преку Борусија Дортмунд се пласира во четвртфиналето на ЛШ.

Сопственикот на ПСЖ наводно рекол дека неговиот клуб ќе игра во ЛШ до крајот, па дури и ако домашните натпревари мора да ги игра во друга држава.

Овие информации на својот Твитер профил ги откри Тарик Пања, британски новинар кој пишува за Њу Јорк Тајмс и кој претходно известуваше за Еуроспорт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Јувентус покажа големина и му ја честиташе титулата на Интер

Интер вчера ја освои шампионската титула во Италија, по 20-ти пат во својата историја, а т…