Дома Фудбал Англија Што ќе биде со Гонзало Игуаин?

Што ќе биде со Гонзало Игуаин?

Челзи донесе конечна одлука – клубот нема да ја активира опцијата за откуп и ќе го врати Гонзало Игуаин во Јувентус по завршувањето на сезоната, пренесуваат англиските медиуми.

Изгледа дека дури и ако Маурицио Сари остане во клубот нема да влијае на одлуката на Челзи.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


И покрај тоа што ќе изгубат еден напаѓач, а поради забраната за трансфери не можат да му доведат замена во Челзи се сигурни дека Игуаин не е решение. Дојде во јануари и на 21 натпревар постигна пет гола, никако не успева да се навикне на ритамот во Премиер лигата и голем дел од навивачите сметаат дека Жиру заслужува шанса пред него.

Враќањето на Игуаин е проблем за Јувентус со кој напаѓачот има договор на уште две години и заработува 7.5 милиони евра. „Старата дама“ ќе направи се за да му пронајде нов клуб во текот на летото.

Сепак, после отказот на Алегри, еден од тренерите кои би можеле да седнат на неговото место е и Маурицио Сари, па доколку тоа навистина се случи, тогаш постојат шанси Аргентинецот да остане во Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…