Во тек е натпреварот од Комјунити Шилд во кој играат Манчестер Сити и Ливерпул, а тимот од Манчестер води со 1:0.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сепак, неколку моменти пред водечкиот гол кој го постигна Стерлинг се повреди Лерој Сане чиј настап беше под знак прашалник.
После еден контакт со Арнолд Сане остана да лежи на тревата, а после укажаната лекарска помош мораше да биде заменет.
Ова би можело да претставува проблем затоа што медиумите на големо пишуваат дека неговиот трансфер во Баерн е завршен.
Сега се поставува прашањето: Што ќе биде со трансферот во Баерн ако неговата повреда е од посериозен карактер?