Дома Трансфер зона Што се Јувентус одби од Барселона за Пјаниќ?

Што се Јувентус одби од Барселона за Пјаниќ?

Јувентус и Барселона никако не можат да се договорат за размената во која Миралем Пјаниќ би завршил на „Ноу Камп“.

Каталонскиот гигант силно сака да го ангажира 30 годишниот фудбалер и прави се за тој од наредната сезона да го облече нивниот дрес, а и самиот Пјаниќ нема ништо против преминување на „Ноу Камп“.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Според информациите тој веќе ги договорил условите со Барселона. Се согласил на договор од четири години вреден осум милиони евра по сезона, но комплатната работа ја закочи Бразилецот Артур Мело кој одби да се пресели во Јувентус.

Јувентус не сакаше да ги менува барањата кон Барселона во овој случај. Нудеше каталонскиот гигант уште неколку опции, но „старата дама“ сите ги одби.

По ред Барселона ги нудеше Иван Ракитиќ, Артуро Видал и Осман Дембеле, но одговорот на клубот од Торино беше „не“ и ќе видиме дали нешто ќе го промени нивниот став.

По одбивањето на Артур да си замине преговорите се запрени, меѓутоа медиумите се убедени дека заминувањето на Пјаниќ од Јувентус е извесно без разлика дали тоа би било Барселона

„Бјанконерите“ имаат намера да се ослободат Босанецот, но по нивни услови. Барселона сигурно е уште опција, ќе видиме како преговорите ќе се одвиваат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната најголемата желба на Гвардиола

Примарна цел на Манчестер Сити во летниот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред, …