Oрлиен Чуамени во текот на летото пристигна во Реал Мадрид за сума од 80 милиони евра, му одеше добро, но потоа дојдоа проблемите.
Играчот од средниот го минува најтешкиот период од доаѓањето во Реал Мадрид, а мадридските медиуми пишуваат дека ја загубил довербата кај Карло Анчелоти кој повеќе не го гледа како редовен стартер.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Французинот по пристигнувањето беше одличен и стандарден и изгледаше дека може да го замени Касемиро.На Светското првенство во Катар отиде во добра форма, но по враќањето повеќе не беше истиот играч.
Имаше проблеми и со ситни повреди, не ја најде вистинската форма, а Карло Анчелоти во последно време има многу поголема доверба во Едуардо Камавинга.
На двомечот против Ливерпул во Лигата на шампионите одигра само шест минути, а викендот против Барселона влезе само во последните 15 минути.
Навивачите се загрижени, на социјалните мрежи пишуваат дека Чуамени не смее да си дозволи да не биде стартер во ситуација кога Крос и Модриќ се на крајот од кариерата.
Наводно Чуамени ќе остане резерва на решавачките натпревари од Лигата на шампионите, каде се очекува да добијат предност пред него освен Модриќ и Крос и Камавинга и Валверде.