Дома Видео Што се случува со голманот кој Манчестер Јунајтед го плати 55 милиони евра? 🎥

Што се случува со голманот кој Манчестер Јунајтед го плати 55 милиони евра? 🎥

Maнчестер Јунајтед вчера беше поразен од Галатасарај во Лигата на шампионите со 2:3, а повторно еден од најкритикуваните е голманот Андре Онана.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Онана пристигна во текот на летото во трансфер вреден 55 милиони евра од Интер, со таа сума го направи трет најскап голман во историјата. Поскапи од него се само Кепа и Алисон.

Но, Камерунецот не само што е далеку од добра форма туку и прави аматерски киксови. Уште на првиот натпревар прими гол од половина терен, потоа четири гола од Баерн во Лигата на шампионите, по таа средба се извини велејќи дека тоа е еден од најлошите натпревари во неговата кариера.

Меѓутоа веќе во следниот натпревар во елитата одново разочара. Се играше 76. минута од вчерашниот натпревар против Галатасарај кога Онана направи катастрофална грешка и додаде до Икарди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…