Дома Македонски спорт Мак ракомет ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ВАРДАР!?!

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ВАРДАР!?!

Вардар денес го игра натпреварот против Кил во рамките од Лигата на шмпионите.

Црвено-црните во првото полувреме изгледаат непрепознатливо. Кил доминираше во секој поглед на играта. Како играше Вардар во првите 30 минути најдобри говори податок што до 19-тата минута Вардар постигна само еден гол и тоа со удар од линијата за седум метри.

Во тој период од играта Кил водеше со неверојатни 1:11. Првиот гол во игра Вардар го постигна дури во 20-тата минута

На крајот овие кошмарни 30 минути завршија со резултат 4:16.

Вакво полувреме Вардар сигурно немал во последните неколку години.

Се надеваме на многу подобра игра и на чудо во вториот дел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Лазаров избра: Ова е тимот со кој одиме против Словачка! (Фото)

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва (19 часот) во Прешов го почнува баражот п…