После Нигерија и Австралија го победи тимот на САД на припремите пред Олимписките игри.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Пред само неколку дена Американците ги стартуваа подготовките со пораз од Нигерија со 90:87, а сега од нив во Лас Вегас подобра беше Австралија со 91:83. Треба да се спомене дека ова е првпат уште од 1992 година САД да има два порази во низа во подготвителниот период.
Австралија имаше негатива скоро во текот на целиот натпревар, меѓутоа во последните пет минути успеаа да направат пресврт и да дојдат до победата. Најефикасни во нивните редови беа Пети Милс со 22 поени и Џо Инглс со 17. Во редовите на САД Демијан Лилард уфрли 22 и Дурант 17.
Во следната контролка противник на САД ќе биде Аргентина.