Дома Фудбал Италија Што сакаше да каже Мауро Икарди со новата објава на Инстаграм?

Што сакаше да каже Мауро Икарди со новата објава на Инстаграм?

Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди веќе месец дена не е во конкуренција за игра откако му беше одземена капитенската лента.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Клубот му ја одзеде капитенската лента поради одоговлекувањето за потпишување на нов договор, а Икарди потоа искомплицира кога порача дека не може да игра поради повреда.

На прегледите се докажа дека повреда нема и дека може да игра, но Аргентинецот продолжи да одбива. Спалети го исрли од првиот тим и сега на никој не му е јасно дали воопшто ќе настапи до крајот на сезоната.

Сепак, навивачите на Интер останаа изненадени утрово откако играчот објави интересна фотографија. Многумина веруваат дека ова е најава за враќање во тимот и тоа кога најмногу е потребен.

Интер утре го игра големото дерби против Милан, а Икарди е познат како специјалист за вакви натпревари. Дали несогласувањата со клубот се минато останува да видиме утре.

 

View this post on Instagram

 

⚫️ #MI9 ⚫️

A post shared by Mauro Icardi – MI9 (@mauroicardi) on

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Англија не покажа ништо од спектакуларниот фудбал од првиот натпревар

Откако во првиот натпревар прикажа исклучително спектакуларен и резултатски фудбал, денес …