Поминаа повеќе од 20 години од кога Милан последен пат доживеал дебакл од 5:0.
„Росонерите“ за крај од годината им пририредија ново разочарување на своите навивачи и во Бергамо од Аталанта изгубија со 5:0. Тренерот Пиоли сосема очекувано не беше задоволен од она што го виде на теренот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ова не може да биде вистинската слика на Милан. Игравме добро во некои претходни натпревари, но денес лошо се поставивме и одигравме премногу лошо. Не постоеше полош ривал против кој можевме да играме вака млака. Дел од вината превземам на себе, погрешивме и мораме да продолжиме да работиме. Ова денес не сме ние. Дозволивме премногу простор на една Аталанта која игра неверојатен фудбал. Почнувајќи од мене сите треба да работиме“, изјави Пиоли.
Тренерот на Милан доби и прашање за Ибрахимовиќ.
„За тие прашања треба да зборувате со некого од раководството. Луѓето за Ибрахимовиќ зборуваат повеќе од еден месец. Веќе ви кажав дека е шампион и со одлучноста и карактерот кои ги поседува може да го подигне интезитетот“, одговори Швеѓанецот.