Кошаркарот на Басконија, Ник Стаускас го направи еден од најглупавите потези видени во кошарката.
Стаускас е најголемиот виновник што Басконија претрпе пораз од Реал Мадрид (69:70). Имено, тој без никаква потреба пред самиот крај при изедначен резултат го фаулираше Аргентинецот Кампацо. Веројатно несевесен за резултатот тој со прекршокот на кошаркарите на Реал Мадрид им даде прилика преку слободни фрлања да стигнат до победата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Каква глупост направи доволно зборува реакцијата на неговите соиграчи кои во тој момент се фатија за глава, а и тренерот Душко Ивановиќ не можеше да поверува што направи неговиот кошаркар.
Неверојатниот момент можете да го видите на 2:50 во видеото.