Пред само една година голем број луѓе од Србија испраќаа критики и негативни коментари за Новак после испаѓањето од Австралија Опен.
Српски „Телеграф“ денес потсети што пишуваа навивачите во Србија за Новак Ѓоковиќ пред само една година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ноле до моментот на тешката повреда беше вистински херој, посебно во неговата Србија. Но, кога започна да не му оди Србите не веруваа во него и му испраќаа коментари како „оди во пензија“, „не се срами веќе“, „почеток на крајот“, „никогаш веќе нема да бидеш најдобар“…
Сето ова се случуваше во текот на 2017 година и посебно во 2018 година кога Новак се врати на теренот и доживеа пораз од Кореецот Чунг во осминафиналето на Австралија Опен.
Тогаш следуваа лавина коментари од српските „стручњаци“…