Алексис Санчез наскоро и официјано ќе стане играч на Манчестер Јунајтед, откако успешно ги помина медицинските преглерди денес.
Санчез уште од времето кога настапува за Удинезе и Барселона беше на мета на „црвените ѓаволи“. Конкретно беше трансфер цел на легендарниот Алекс Фергусон.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Го гледавме Санчез и не импресионираше, како и некои други играчи од Чиле. Имаше некои многу добри натпревари и беше интересен за нас“, изјави Фергусон во 2010 година, и додаде:
„Во минатото гледавме и некои други Чилеанци, најинтересен беше Салас, кој тогаш играше во Лацио. Сакавме да го донесеме и Санчез“.
Санчез блесна во дресот на Удинезе, но во 2010 година ја избра Барселона и се пресели на „Камп Ноу“ каде помина четири година, а потоа го облече дресот на Арсенал.